Алексија Путелас ја освои женската „Златна топка“ за 2021 година

77

Алексија Путелас е годинешната добитничка на најважната индивидуална фудбалска награда во женска категорија „Златната топка“.

Капитенката на Барселона е третата фудбалерка што ја освојува оваа награда, по Ада Хегерберг во 2018 година и Меган Рапино во 2019.

Нејзината соиграчка, Џени Хермосо, заврши на второто место, Сем Кер од Челзи трета и Вивијан Миедема од Арсенал на четвртото место.

Путелас беше крунисана за женски играч на годината на УЕФА, а беше и фаворит да ја добие наградата што ја доделува „Франс Фудбал“.