На друштвените мрежи се прошири снимка од аеродромот во Краков на која се гледа како го приведуваат светскиот шампион во бокс, Александар Усик со лисици на рацете зад грб. Имено, непоразениот украински боксер е уапсен од се уште непознати причини, а сопругата на Александар преку социјалните мрежи објасни дека тоа не е кривично дело.
Полицијата го приведе Усик на аеродромот додека се подготвуваше да отпатува за Лондон на боксерската пресметка меѓу Даниел Дубоа и Ентони Џошуа, кои се борат на Вембли оваа сабота.
Менаџерот на Усик, Егис Климас го пренесе коментарот на Усик:
„Драги пријатели, ова е недоразбирање. Сè беше решено брзо. Ви благодариме на сите за загриженоста, благодарност до украинските дипломати за нивната ефикасна поддршка. Почит и за полската полиција, за спроведување на правдата без разлика на висината, тежината, должината на рацете и статусот“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така интервенираше за да се расчисти недоразбирањето околу апсењето на Усик што е можно поскоро.
„Зборував со Усика. Разочаран сум од ваквиот однос кон нашиот граѓанин и шампион. Ги задолжив министерот за надворешни работи и министерот за внатрешни работи Ихор Клименко веднаш да го решат инцидентот на аеродромот во Краков. Нашиот шампион е слободен“, изјави Володимир Зеленски.
‼️ Oleksandr Usyk has seemingly been arrested at Krakow Airport in Poland today, though full information about the situation is currently unknown…pic.twitter.com/W2fLnxgCPF
— Michael Benson (@MichaelBensonn) September 17, 2024