Алдервилд е на продажба

27

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем е подготвен за време на летниот преоден рок да ја прекине соработката со белгискиот интернационалец, Тоби Алдервилд. Централниот дефанзивец има договор со “петлите” до 2020 година, но во договорот има и ослободителна клаузула која ќе се активира само доколку официјалната понуда за неговите услуги не е помала од 30 мил. евра.

Поранешниот фудбалер на Саутемптон веќе изјави дека не сака да ја продолжи соработката со Тотенхем, а најголем интерес за неговите услуги покажа големиот ривал од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед.