Екипата на Алборг следната сезона ќе има нов предводник, откако актуелниот тренер Стефан Мадсен одлучи предвреме да си замине од тренерската функција.

Раководството на Алборг информираше дека е започната потрагата по новиот тренер, а според пишувањата на данската телевизија „ТВ2“, главен кандидат за наследник на Мадсен е екс тренерот на Фленсбург, Мајк Махула.

Според информациите на „ТВ2“, челниците на Алборг минатата недела оствариле средба со Махула, кој речиси десет месеци е без клупски ангажман. Тој во април 2023 година доби отказ од бундеслигашот Фленсбург.