epa10412427 Rafael Nadal of Spain walks off after losing his match against Mackenzie McDonald of the USA during the 2023 Australian Open tennis tournament at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 18 January 2023. EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Алекс Кореча, поранешниот вториот тенисер во светот, алармираше за состојбата на Рафаел Надал. Кореч беше многу загрижен што Надал го откажа настапот на Лејвер купот, егзибициски натпревар што требаше да го игра. Поранешниот шпански тенисер појасни дека натпреварување како Лејвер купот треба да биде идеално за некој како Надал.

„Ако Рафа не може да го игра Лејвер купот, што да прави?! Тоа натпреварување е многу опуштено“, вели Кореча, аналитичар на „Еуроспорт“.

Двократниот финалист на Ролан Гарос призна дека објавата на Надал малку го вознемирила.

„За мене ваквата одлука на Надал е аларм. На Лејвер купот можете да изберете колку ќе играте, само сингл или само двојки, но и неколку натпревари“, изјави Кореча и подвлече:

„Се надевам дека се ќе биде во ред, дека ќе се опорави и дека ќе се врати на теренот, кога ќе се чувствува добро, каде што мисли дека е најдобро“.

Инаку, Кореча во далечната 2000 година беше најзаслужен за првата титула на Шпанија во Дејвис купот, а на почетокот на минатата деценија беше и селектор на репрезентацијата околу една година.