Акција за собирање на кабаст отпад во Аеродром и Центар

608

Општина Аеродром и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ организираат акција за собирање кабаст отпад на територијата на Општина Аеродром. Контејнери ќе бидат поставени на четири локации од 18 мај (вторник) до 22 мај (сабота).

Граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема на следниве локации: Јане Сандански („АСНОМ“, број 68), Стар Аеродром ( „Коста Новаковиќ“ 48, „Владимир Комаров“ 29, Ново Лисиче („Видое Смилевски Бато“, број 19) и „АСНОМ“, број 5 – кај „Рамстор“.

И Општина Центар се приклучува на акцијата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ за собирање на кабаст отпад во општината, од 18 до 22 мај.

-Садовите за собирање на кабастиот отпад ќе бидат поставени на четири локации, паркингот на ЈП ПОЦ спроти Веро Џамбо, улица „Питу Гули“ – кај маркетот Тинекс, чистинката кај контејнерите пред влезот на основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ и кај кружниот тек, кај контејнерите во Дебар Маало- информираат од локалната самоуправа.

Од Општината апелираат до жителите, кабастиот отпад да го одложуваат на места специјално означени за тоа, наместо да го остават до контејнери, јавни површини или во дивите депонии.