Активист има решение за спас на планетата: доброволно изумирање на човечкиот род

126

Лес Најт, климатски активист во Портлад, Орегон, има револуционерно решение за подобрување на животната средина: изумирање на човечката раса.

Во интервју за британското списание Гардијан, Најт детално ја објасни своето петдецениско патешествие во заговарањето на крајот на човештвото.

Пред педесет години, дојдов до заклучок дека најдоброто нешто за планетата би било мирна фаза на човечко постоење. Ние го предизвикавме истребувањето на стотици илјади други видови. Кога ќе исчезнеме, верувам дека екосистемите ќе се возобновсат и ќе има доволно за сѐ. Нема да има повеќе борба за ресурси.

Изненаден, тој сфатил дека „неговата идеја не била многу добро прифатена“ како што очекувал. Сепак, како активист за климатските промени тој сакал да биде пример на она што го заговара и во седумсесеттите години од 20. век доброволно се стерилизирал.

На 25 години, сакав да покажам дека сум сериозен. Медицинско училиште ми даде попуст за вазектомијата во замена за тоа што бев прв обид на млад доктор во изведба на оваа процедура и излезе успешна, напиша тој.

Потоа во 1980 година, Најт се сместува во Портланд каде што го основа Проектот за доброволно изумирање на човекот.

Нашата порака е едноставна, ние ги охрабруваме луѓето да престранат да се размножуваат за биосферата да може да си ја врати својата поранешна слава, и сите кои што се веќе овде да можат да го живеат животот пораскошно.

Уверен е дека луѓето со неразмножувањето би можеле да си помогнат себеси, а не само на природата.

Температурите растат, како и нивото на морето, што сега можеби не звучи страшно, ама ќе биде страшно кога ќе почна да изумираат посевите, објаснува тој.

Според предвидувањата на Обединетите нации, ако просечно семејство има повеќе од половина од моменталното потомство, до 2100 година на планетата ќе живеат 16/5 милијарди луѓе.

Најт вели дека неговата организација е светски распространета и дека имаат волонтери од целиот свет, од Индија до Мексико.

Извор:TheBlaze