Актерот Жерар Депардје во декември бил обвинет за наводни „силувања“ во 2018 година

17

Жерар Депардје, 72-годишен жив споменик на француската кинематографија, беше обвинет на 16 декември за „силување“ и „сексуален напад“ што тој, наводно, го извршил во летото 2018 година врз млада актерка, што тој го спори, јави дописникот на МИА.

Актерката, поднела пријава во жандармеријата на крајот на август 2018 година, откако наводно била силувана двапати во домот на Депардје во Париз.

Ерве Темим, адвокатот на актерот, контактиран од француските медиуми, „изрази жалење што овие информации беа објавени во јавноста“. Жерар Депардје, кој остана слободен без судска контрола, „тотално ги оспорува делата за кои е обвинет“, рече неговиот адвокат.

Младата актерка на возраст од дваесетина години првично поднесе жалба во жандармеријата во Ламбеск (Буш-ди-Рон) на крајот на август 2018 година. Во изјавата, таа го обвини актерот за две силувања и сексуални напади што биле извршени во парискиот дом на ѕвездата, приватна вила во 6-от арондисман, на 7 и 13 август 2018 година. Според извор запознат со истрагата, актерот е пријател на семејството на жртвата. „Немаше апсолутно ништо професионално во тоа“, рече овој извор, додека печатот зборуваше за театарска проба.

Судската постапка отворена во Екс-ан-Прованс против францускиот актер, кој исто така е руски државјанин од 2013 година, беше вратена во Париз. На 4 јуни 2019 година, јавниот обвинител ја затвора истрага, објаснувајќи дека „истрагите“ не овозможија да се карактеризираат делата“.

Конфронтација меѓу актерот и младата актерка, се случила во просториите на париската судска полиција. Таа потоа во средината на август 2020 успеа да изнуди продолжување на истрагата, адвокатката на жртвата, Елоди Туајон-Хибо, побара „да се зачуваат приватноста и интимноста на (нејзиниот) клиент“.