Една од девојките кои стекнаа голема популарност за време на Светското првенство во 2010 година е Парагвајката Лариса Рикелме, а колку тоа беше популарно покажува и фактот дека за неа се зборува и 12 години подоцна.

Лариса Рикелме е голема фудбалска навивачка која стекна светска слава за време на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.

Оваа Парагвајка со задоволство ги истакнуваше своите атрибути на трибините. Ова го привлече вниманието на снимателите, а потоа и на целиот свет, па Лариса стана многу привлечна за рекламни кампањи.

Парагвајката оваа година не е на Светското првенство во Катар. Сепак, постои репрезентација за која навива, а тоа е Бразил. Поради „кариоките“ реши да даде големо ветување – ќе позира како мајка родена ако Бразил ја освои титулата.

  • Ако Бразил го освои Светското првенство, повторно ќе позирам како од мајка родена. Ви ветувам, гласи пораката на Лариса Рикелме.