„Ако Украина падне, ние сме следни“, предупреди словачкиот премиер

106

Словачкиот премиер Едуард Хегер денеска предупреди дека иднината на неговата земја е во опасност доколку Русија целосно ја освои Украина.

„Ако Украина падне, Словачка е следна. Тие (Украина) мора да победат“, рече Хегер на панелот на Светскиот економски форум во Давос.

Хегер ги критикуваше членките на ЕУ дека премногу се потпираат на руската енергија. Тој ги повика европските лидери да не ги компромитираат своите принципи во односите со Русија, пренесува Си-Ен-Ен.

„Предолго ги тргуваме нашите вредности за евтин гас и нафта. Компромисите со Путин предизвикаа војна во Украина. Агресивна војна во која гинат луѓе“, изјави Хегер.

Украинците, како што рече, „ја пролеваат крвта за нашите вредности, за да не мораме ние“.

Хегер ја повика ЕУ да работи со Украина и Западен Балкан за да се исполнат „стандардизираните правила за да можат да се приклучат на ЕУ“.