Производите ќе поевтинат за 10 отсто во однос на цените од 1 август

Цените на прехранбените производи кои ќе бидат намалени ќе бидат облежени со ознаката „ганатирантирани цени“. Се очекува цените да се намалат за 10 отсто од среда, а како основа ќе се земат цените од 1 вагуст. Одлуката ќе важи до 30 ноеври, а со неа ќе бидат опфатени повеќе од 50 производи од пекарската, млечната, месната и други индустрии. Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика сите општествено одговорни компании кои ќе сакаат доброволно да ги намалат своите производи да се пријават со цел нивните производи да се стават на листата

149

Цените на прехранбените производи кои ќе бидат намалени ќе бидат облежени со ознаката „ганатирантирани цени“. Се очекува цените да се намалат за 10 отсто од среда, а како основа ќе се земат цените од 1 вагуст. Одлуката ќе важи до 30 ноеври, а со неа ќе бидат опфатени повеќе од 50 производи од пекарската, млечната, месната и други индустрии.

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика сите општествено одговорни компании кои ќе сакаат доброволно да ги намалат своите производи да се пријават со цел нивните производи да се стават на листата.

-Секој граѓанин кој ќе оди да купува, ќе види ознаки на гарантирана цени и ќе знае дека тие цени нема да можат да имаат нагорно зголемување до 30 ноември, но и поттик на трговците и производителите до среда до Министерството за економија да се пријават ако не се влезени во одлуката и да ги намалат и другите цени. Има интерес за доброволно тоа да го направат во вакво кризно време да бидат општествено одговорни и да им излезат во пресрет на потрошувачите. Листата ќе биде доставена од утре до трговците на мало, на големо, до производителите, а од среда засилени контроли ќе има од Државниот пазарен инспекторат“, рече Бектеши.

Според министерот, ќе ги има од пекарска, месна, млечна, кондиторска индустрија, односно дека станува збор за производи кои повеќе се трошат во земјата според Заводот за статистика.

Бектеши очекува од среда да донесе значително намалување на цените, бидејќи како што рече ќе бидат контролирани сите производи кои имаат ознака „гарантирана цена„ и ако се утврди дека некој трговец ја злоупотребува одлуката ќе биде казнет.

Но, министерот Бектеши очекува наскоро оваа листа на производи со намалени цени да се прошири и со повеќе видови пијалоци за што ќе преговара со производителите и дистрибутерита на овие производи.

-Ако се намалат шпагетите ќе се намалат сите видови шпагети и од домашно производство и од увоз. За одредени производи ќе има линеарно намалување, а други пак ќе се намалат без разлика дали се од домашно производство или од увоз. Намалувањето во делот на храната ќе биде задолжително за сите трговци, појасни Бектеши.

(А.С.)