Ако потпишев за Арсенал ќе бев богат, но животот ќе ми беше ужас!

124

Лондонски Арсенал донесе навистина одлични фудбалски имиња за време на Арсен Венгер. Навивачите на „Топџиите“ засекогаш ќе ги паметат Тиери Анри, Роберт Пирес, Фредерик Љунгберг, но имаше и играчи кои не сакаа да дојдат во еден од најдобрите тимови во Европа во тоа време.

Златан Ибрахимовиќ и Кристијано Роналдо се само дел од имињата што го одбија Арсенал, а славниот бразилски голман Маркос беше блиску до пристигнување .

По Светското првенство во 2002 година, Палмеирас одлучи да го продаде Маркос и се беше подготвено за трансфер во Лондон. Сепак, легендарниот голман се премислил и одлучил да се врати дома.

  • Палмеирас сакаше да ме продаде на Арсенал, па дури и отидов во Лондон. Ми рекоа дека не сум поминал лекарски прегледи, но тоа не е вистина, изјави Маркос, откривајќи зошто не потпишал за лондонскиот клуб:
  • Одлетав таму, но чувствував дека нема да бидам среќен. Ќе имам пари, но мојот живот ќе биде страшен. Бев среќен во Палмеирас, открива Маркос.

Причина за таквата одлика било тоа што не можел да се навикне на друго место.

  • Патував со репрезентацијата на натпревари надвор од Бразил и знаев дека нема да можам да се навикнам на друго место. Не сум човек кој би можел да живее во Лондон. Може да бидам таму 10-15 дена и тоа е тоа, додава Бразилецот.

Маркос целата своја кариера ја помина во Палмеирас. Тој одигра повеќе од 600 натпревари во периодот од 1992 до 2011 година и е една од најголемите легенди на клубот.

За селекцијата на Бразил одигра 29 натпревари, а со неа го освои Светското првенство, Копа Америка и Купот на Конфедерациите.