Азис, oд секси-жена до вистински маж!

42

Бугарската естрадна ѕвезда контравезниот Азис, својата трансформација во жена долго врeме ја користеше за маркетиншки цели. Тој кариерата ја започна како трансвестит, со тоа направи големи пари, а денес сето тоа е фрлено во минато време. Сега е вистински маж! Деновите ги поминува во теретана каде ги набива мускулите, тетовиран е, и се облекува како прав маж. Ни трага ни гласа, од женската гардероба.

– Сега сум вистински маж, така се чуствувам и немам пореметување на хормоните. Ниту некогаш имав идеја да направам промена на полот. Тоа се нечии измислици кои беа долго време пласирани по медиумите, вели Азис за бугарските весници.
Колку за потсетување, Азис беше во брак со маж , има ќерка Раја која ја доби со најдобра другарка.
Д.М.