Аеродромци засадуваат дрвја во Ново Лисиче

79

Општина Аеродром ја продолжи големата акција за засадување дрвја што почна минатата недела. На улицата „Тоше Проески“ и во Реонски центар беа засадени над 150 висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, а се вклучија учениците и вработените од училиштата „Лазо Ангеловски“ и „Александар Македонски“, дел од советниците, општинската администрација и други граѓани.

– Зазеленувањето останува врвен приоритет на Општината како една од мерките за подобрување на квалитетот на воздухот и збогатување на просторот со нови дрвја. Предвидено е засадување на околу 3.300 садници за што во буџетот за наредната година се предвидени дополнителни 20 милиони денари за набавка на садници – велат од Општина Аеродром.