Агонијата на еден од најдобрите фудбалери на денешницата

14

Еден од најдобрите играчи за врска, кога е во прашање модерниот фудбал, повеќе не знае каде тера. Месут Озил повеќе не е омилена личност во редовите на Арсенал, а најважните натпревари во Премиер лигата ги следи од клупата за резервни играчи иако здрав и тренира без никава болка.
Улогата на германскиот интернационалец во редовите на “топчиите” е секундарна, а се погласни се шпекулациите дека Озил ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.

Сепак, постои еден голем проблем, нема таков клуб кој може да си ја доволи годишната плата на Германецот. Најголем интерес за неговите услуги покажаа најбогатите клубови во кинеската Суперлига, но 30-годишниот играч за врска не сака да се пресели во Азија.

Англиските медиуми открија дека Озил бил понуден на италијанските калчо гиганти Јувентус и Интер, но од таму пристигнал негативен одговор. Калчолигашите не можат да си дозволат ниту позајмица затоа што Озил има годишна плата од 18 мил. евра.

Челниците на Арсенал се подготвени да му исплатат на Германецот дури 30 мил. евра само да си замине од “Емирати”, а таквото сценарио е одборено и од останатите фудбалери на Арсенал кои не кријат дека не можат да го поднесат Озил. Легендарниот голман на Арсенал, Дејвид Симан откри дека Озил е подготевн да седи и на трибините само да ја добива големата парична сума.

Пред неколку недели интерес за неговите услуги покажа и шпанскиот гигант Атлетико (М), кој понуди 20 мил. евра за обесштетувањето, но Озил не ја прифати понудата затоа што “јорганџиите” му понудиле три пати помала плата од таа која ја заработува во Лондон.
Кога е во прашање актуелната сезона, играчот има одиграно 16 натпревари, на кои постигна четири погодоци и запиша две асистенции.