Автомобил паднал во Вардар кај пешачкиот мост во Карпош, пожарникари и специјалци го вадат

242

Црн автомобил е пронајден како плови по реката Вардар, кај  пешачиот мост Скопје, кај Карпош, дознава vecer.press

На местото каде што е пронајден веќе се дојдени екипи на специјалците и противпожарна екипа во обид да го извадат.

Во моментов не е познато дали во автомобилот има луѓе.

Специјалците и пожарникарите го извадија полото од водите на Вардар, во него немало никој

 

Командатот на бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Владимир Симоновски за весникот ВЕЧЕР информираше дека пожарникари во моментов се на лице место и се ангажирани на вадење на автомобилот.

– Возилото беше пропаднато. Се гледаше само антената. Требаше да се влезе внатре. Ангажирани се и нуркачи од МВР. Откако ќе биде извадено ќе знаеме кој е сопственикот и за која марка на возило се работи – информираше Симоновски и вети повеќе информации откако ќе биде извадено возилото.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека околу 8 часот од страна на случаен минувач пријавено е дека во реката Вардар, поточно во близина на пешачкиот мост кај болницата „Систина“ забележал возило „Поло“ и дека полициски службеници се на лице место.

фото: Н. Батев