Автобус во Перу падна во бездна длабока 200 метри, загинаа најмалку 29 лица

64

Најмалку 29 луѓе загинаа во центарот на Перу, откако автобус излета од патот и падна во бездна длабока 200 метри, објави радиото РПП, повикувајќи се на полициска изјава.

Дваесет луѓе беа повредени.

Автобусот патувал од Хуануко на Андите кон перуанскиот главен град Лима, а несреќата се случила во близина на градот Чосица.

Причината за несреќата засега е нејасна, а инспекторите ќе проверат дали возачот можеби заспал.