Автобусите мора да возат дезинфицирани и полупразни, а патниците да носат маски и ракавици

28

Владата на вчерашната  седница усвои ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба со која е предвидено во јавниот превоз бројот на патниците во возилата да изнесува најмногу до 50 проценти од капацитетот на возилата за кои е задолжително да бидат опремени со маски, ракавици и возилата да се дезинфицираат.

– Со оваа измена задолжителните мерки ќе се однесуваат и на правните субјекти кои вршат превоз на патници за сопствени потреби, се додава во соопштението од 60-та владина седница.