Австрија прибегна кон драстична мерка: враќа од пензија 1.000 лекари

47

Во провинцијата Долна Австрија веќе се прибегна кон драстична мерка за поканување на работа околу 1.000 лекари и медицински сестри, кои се во пензија од 2017 година.

Покраинската здравствена агенција испрати писмо до пензионираниот медицински персонал да помогне секаде каде што има здравствени проблеми.

Околу 234 поранешни вработени веќе се јавиле во случај на потреба да им помогнат на активните колеги. Износот од последната остварена бруто-плата ќе го добива како плата.

Провинциската клиника во Шаебс, Одделот за анестезија и интензивна медицина, веќе минатата година ги покани пензионерите доброволно да се вратат на работа.

Шефот на одделот Роберт Расел рече дека медицинските работници ја сфатиле опасноста од пандемијата и дојдоа да помогнат, а тие се голема поддршка повеќе од една година.

Во Долна Австрија на одделенијата за интензивна нега на провинциските клиники на располагање има 334 кревети, од кои 89 се слободни, а 109 се зафатени со заболени од Ковид.

Наскоро ќе се надмине системската критична стапка на зафатеност од 33 проценти, што е проблем.