Австрија ги укинува сите ковид правила за влез во земјата

38

Поради поволната епидемиолошка состојба, Австрија од понеделник ќе ги укине сите ковид правила за влез во земјата.

Тоа значи дека од понеделник сите патници кои сакаат да одат во Австрија повеќе нема да мора да носат потврда за вакцинација, потврда за Ковид-19 или негативен тест.

Новиот режим на влез во земјата важи за граѓаните ширум светот, бидејќи ниту една од нив не е наведена на списокот на земји и региони со поголем ризик од зараза, според новата регулатива на австриското Министерство за здравство.

Туристичките работници и угостители веќе со недели бараат од австриската влада да го укине режимот „3Г“ за влез во земјата.

Тие посочија дека многу земји веќе ги укинале сите мерки и дека би било лошо туризмот да го задржи режимот за заштита од коронавирусот за влез во Австрија.