Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Евроското првенство уште по групната фаза. Избраниците на селекторот Данило Брестовац, во клучниот натпревар загубија од домаќинот на шампионатот Австрија со 32:28.

На овој натпревар македонските ракометари прикажаа бледа игра и во напдот и во одбранта, дозволија противникот да доминира и да ја запише најубедливата победа во меѓусебните дуели со македонската репрезентација.