Австриски скијачки сексуално злоупотребувани од своите тренери

65

Откако Никол Вердениг јавно проговори околу сексуалната злоупотреба во скијачкиот спорт пред четири децениии, уште една поранешна ски – скокачка анонимно го сподели своето непријатно искуство, а претставниците на Скијачката федерација на Австрија даде свој коментар на овие изјави.

  • Тогаш на секого нешто му се случи, истакна Австралијанката во интервју за “Шрандард” и додаде дека „навистина морала да се бори за да не и се случи нешто“.

Таа потоа го опиша обидот за силување во хотел, кога „од страна на еден тренер била присилно однесена во соба, а потоа и заклучена“.

  • Тој рече дека денес јас сум била на ред. Уште еден човек беше таму и двајцата беа под дејство на алкохол. Тоа беше навистина страшно. За среќа, успеав да излезам. Имаше тренер кој сите девојки во тимот ги гледаше како свои. Си ги даваше себе сите права, изјави поранешната скијачка, која остро го критикуваше еден од тренерите.

Австриската скијачка федерација се огласи по повод изјавите на двете поранешни скијачки.

  • Кога би се случило тоа во моментов, веднаш знаеме како да ја решиме постапката, изјави претседателот Петар Шрекснадел, кој е на таа позиција од 1990 година.

Исто така и нејзината сонародничка Никол Вердениг, која беше австриска шампионка во спуст во 1975 година, зборуваше за сексуален напад и силување што се случило со неа во текот на нејзината кариера. Во тоа време, имала само 16 години, а сексуалните напади, наводно, доаѓале од вработени во компании за спортска опрема.

  • Кој не сакаше да учествува и да се согласи за некои работи, ќе ја доведеше во прашање својата стартна позиција. Со никого немам разговарано бидејќи ми е навистина страмота, а тука беа и моите колеги од тимот. Како што и секоја млада девојка обично прави, себе се обвинив поради тоа, а тоа е пред се поради тоа што дозволив да се напијам неколку чаши повеќе. Сите знаеја дека се случива тоа, а ништо не беше превземено, вели Вердениг.