Авионска несреќа на швајцарските Алпи: Во пад на хеликоптер загинаа три лица, а три се повредени/ФОТО

97

Три лица загинаа, а три се повредени кога се урна денеска во 9.25 часот хеликоптер на швајцарскиот дел на Алпите во текот на хели скијање.

Како што пренесуваат локалните медиуми, хеликоптерот скршнал од северната падина на врвот на планината висока 3.668 метри.

 

 

На местото на несреќата излегле седум хеликоптери.
Покрај пилотот, екипажот на хеликоптерот го сочинувале и планински водич и неговите четири клиенти. Две повредени лица можеа да добијат итна медицинска помош пред да бидат префрлени во болницата „Ситен“. Подовна е спасено и трето лице.

Покрената е истрага со цел да се разјасни причината за несреќата.

Федералното обвинителство кое е надлежно за авионски несреќи, ја води кривичната истрага со Федпол и полицијата на кантонот Валаис.