Во трката за иден Претседател на Хрватска се најде и поранешна манекенка и фотомодел згодната Ава Карабатиќ. Таа ги собираше потписите во еден секси шоп.
-Пет години не е многу време, но ветувам: Сите ќе ве задоволам – пишуваше на изборните плакати на кандидатката Ава.
Во нејзината програма беше јасно истакнато дека ќе го забрани абортусот по шестиот месец на бременоста, дека ќе воведе сексуално воспитување во училиштата, заштита на животните, сузбивање на корупцијата…
Инаку, истекува рокот за претседателските кандидати на Хрватска кои на изборната државна комисија треба да и предаат најмалку 10.000 собрани потписи. Своите кандидатури досега ги предадоа: Зоран Милановиќ, Мислав Колакушиќ, Недељко Бабиќ, Дејан Ковач, Анто Ѓапиќ, како и пејачот Мирослав Шкоро. Тукa се и се уште актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, Дарио Јуричан, Катарина Пеовиќ, Влахо Орепиќ и контровезниот Иван Пернар.