Селекторот на српската ракометна репрезентација Тони Херона, би можел да добие големо засилување во тимот. Еден од најдобрите дефанзивци во Европа, некогашниот столб на Вардар, Илија Абутовиќ е подготвен повторно да игра за репрезентацијата.

-Ако ме повика – тука сум. Имам 32 години и мислам дека можам уште да помогнам, изјави за Журнал, Абутовиќ.

Абутовиќ дојде во Вардар како играч од два правца, но брзо се специјализираше за одбрана…

-Во Вардар почнав да аиграм само одбрана. Од Вујовиќ научив многу „цаки“, а од Раул и Дејвис ги научив главните работи, откри Абутовиќ.