Спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, дополнително ги изнервира раководните лица и најверните фанови на италијанскиот калчо гигант Интер со изјавата дека „Ноу Камп“ може да биде следната дестинација на аргентинскиот интернационалец Лаутаро Мартинез.
Актуелниот шампион на Шпанија веќе подолг период е заинтересиран за услугите на малдиот напаѓач кој никако да добие поголема плата од челниците на „нероазурите“. Аргентинецот моментално заработува 1.5 мил. евра, а Барса неофицијално му има понудено три пати поголема плата.