Јака Вадњал: Биткоинот е инвестициска прилика на столетието!

86

Биткоинот и другите криптовалути се најдобрата инвестициска прилика што човештвото ја добило во последните 100 години, смета Јака Вадњал, професор и претседател на одборот на директори на малата словенечка банка Лонг од Крањ, која работи со овие виртуелни пари, кои засега владите не ги поддржуваат, иако, како што смета тој имаат иднина и од нив ќе биде нешто.

– Јас сум убеден дека тука се работи за некој балон, кој можеби ќе пукне, можеби и само полека ќе издиши, но нема веќе да има вакви светски прилики. Балони имаше и во акциите и во недвижностите и во златото, така што сигурно и туку ќе има балон. Но, криптовалутите ќе одиграат некоја улога во собирање на старт ап капитал, во тоа сум сигурен. Секако, тоа треба да биде регулирано. Мислам дека народот полека ќе почне да бара од владите да донесат регулатива за да бидат сите заштитени и да профитираат од тоа, а не се да фукционира по принцип на балон, односно едни да профитираат кога други губат. Тоа не е добро ни за економијата ни за ништо друго, смета Вадњал.

Според него, криптовалутите не се закана за традиционалното банкарство, но како што вели, ако банките гледаат закана во нив имаат само две опции: да се борат или да соработуваат.

– На некои подрачја криптовалутите на некој начин се конкуренција на традиционалното банкарство, особено во платните трансакции кои одат надвор од некои монетарни унии, односно трансакции во некои земји од третиот свет. На пример, ако сакате да пратите пари во држава од некогашниот Советски Сојуз, треба две-три недели за да стигнат, а и трошоците се многу големи Во случајот на криптовалутите тоа оди во реално време, секунда, две и сумата е на сметката на примателот, а и бесплатно е, вели Вадњал.

Банката со која тој раководи, како што објаснува, поддржува само купување биткоини во соработка со партнерска фирма и со почитување на сите словенечки закони, Но убеден е дека употеребата на криптовалутите во Словенија ќе се прошири и во продавниците и кафеаните. Тврдејќи дека биткоинот и другите виртуелни пати имаат иднина, како пример ги посочува големите картични куќи Виза и Мастеркард, кои имаат при пејд картички кои раобтат со биткоини, па со нив може да се плаќа локално, секаде каде што се работи со овие картички. Појавата и употребата на крипотоавлутите тој ја споредува со појавата на автомобилот, компјутерот… без кои денеска не можеме.

(С.Ву.)