УЈП ќе ги учи граѓаните да плаќаат данок за киријата што ја земаат

54

Од вторник, 9 овој месец Управата за јавни приходи почнува со бесплатни курсеви за обука на граѓаните за пријавување, оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот и за даночните поволности.

Обуките се еднодневни, а првата ќе се одржи во Виница. До крајот на месецот ќе има по една во различни градови, при што ќе бидат опфатени Скопје во неколклу наврати, потоа Прилеп, Кавадарци, Велес, Пехчево, Свети Николе, Крушево, Куманово, Радовиш, Кичево, Битола, Македонски Брод, Валандово, Ресен, Струмица, Кратово, Струга, Берово, Пробиштип, Охрид, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар, Штип, Кочани, Тетово, Демир Хисар, Делчево и Виница.

Обуките ќе ги врши Даночната академија при УЈП, а лицата кои се заинтересирани да стекнат општи знаења за оданочувањето на кириите треба да се пријават кај задолженото лице во нивниот град најдоцна два дена пред почетокот на обуката.