УЈП: До 15 март да се пријават дополнителните приходи во 2017

53

 Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните до 15 март да поднесат Годишна даночна пријава доколу во 2017 година оствариле дополнителни приходи во земјата и од странство.

Како што информираат треба да се пријават приходи остварени по основ на награди, бонуси и други надоместоци од работен однос, кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп), авторски права и права од индустриска сопственост, дивиденди, учество во добивката и камати по заеми дадени на физички и правни лица, капитални добивки од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивки од лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа, во износ поголем од 5.000 денари по поединечна добивка, приходи од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници, приходи од интернет на пример е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни, поставување реклами на сопствени интернет страни, прогнози – дојави на типови за спортски натпревари, лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија, работно ангажирање во амбасада, во меѓународна организација… и други дополнителни видови на приходи, остварени надвор од редовната плата или пензија.

Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП) може да се преземе од веб страницата на УЈП и да се поднесе во даночните шалтери, преку пошта или електронски.

Од Управата потсетуваат дека со цел навремено приспособување на новиот начин на пријавување, пресметување и плаќање на персоналниот данок на доход псекој граѓанин да се регистрира на системот е-Персонален данок.