Со нови 6,4 милиони евра ЕУ и помага на УЈП да се бори против евазијата и да ги подобри услугите

66

Со нови 6,4 милиони евра од ИПА 2 фондовите Европската Унија ќе ја продолжи поддршката за зајакнување на капацитетот на македонската даночна администрација, откако во последните три години вложи 1,5 милиони евра во седум проекти.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој вчера ја промовираше помошта на ЕУ за Упоравата за јавни приходи, вели дека се уште постојат големи предизвици, меѓу кои и подобрување на собирањето на даноците, како и зајакнување на борбата против даночното затајување.

– Правната рамка треба и понатаму да се усогласи со стандардите на Европската Унија, собирањето на даноците исто така треба да се подобри, треба да се воспостават нови он-лајн услуги за даноци, а треба да се зајакне и борбата против даночната измама и даночното затајување. Треба, исто така, да имаме предвид дека главните реформи во даночниот систем како главна цел треба да ги имаат услугите на даночните обврзници. Ова, воглавно, значи поедноставување на даночните процедури, како и зголемување на јавната доверба во транспарентноста, како и ефикасноста на даночната управа, рече Жбогар.

Досега, со помошта од Унијата реновиран е контакт-центарот на УЈП, обезбедени се ИТ, канцелариска опрема и мебел, дизајниран е новиот веб-сајт, обезбедена е навремена информација и модерни он-лајн услуги за даночните обврзници, а набавени се и два мобилни даночни шалтера. Капацитетите на УЈП се подобрени и со помош на шпанската даночна администрација Агенцијас Трибутарија.

Според министерот за финансии Драган Тевдовски, оваа поддршка меѓу другото овозможува воведување стандарди и практики кои значат доближување на нашите во Македонија со тие на ЕУ.

– Многу е важно услугите на УЈП да бидат што поблиски до граѓаните. Мора да се каже дека УЈП е една од најважните алки во општеството, која го врши собирањето на даноците, а само со вакви приходи може да се обезбеди финансирањето на клучните столбови на општеството, како образованието, здравството, инфраструктурата и се она што значи јавни добра. Ова се пари кои се собираат од граѓаните и фирмите и потоа повторно завршуваат кај граѓаните. Затоа е потребно да се обезбеди висок квалитет на овие услуги и оваа поддршка од ЕУ е особено значајна, рече Тевдовски.

Тој информира дека и Програмата за реформи на јавните финансии за периодот 2018-2021 година, е подготвена заедно со ЕУ.
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ги претстави реализираните проекти со финансиската помош од ЕУ и најави дека од вчера на граѓаните им стојат на располагање уште две нови услуги.
– Задоволство ми е да најавам дека од денес даночните побврзници ќе имаат пристап до новата специјализирана веб-страница и две нови услуги на УЈП – закажи средба и информер, рече таа.

Лукаревска објасни дека секоја заинтересирана странка сега доброволно, а од 1 мај наредната година задолжително ќе закажува средба со д

аночен агент во време кое и одговара. Тоа ќе се врши преку новата веб-страница или преку телефонот 0800 33 000. Следната го

дина оваа услуга ќе може да се користи за закажување средби во регионалната дирекција Скопје, а од 2019 година и за во другите даночни канцеларии на УЈП.

Информа, пак, е електронски систем преку кој даночните обврзници ќе можат да вршат он-лајн пребарување и да имаат брз и лесен пристап до општи даночни информации, до најчесто поставуваните прашања и одговори за постапки на оданочување, пријавување и плаќање данок и за другите даночни права и обврски.

(С.Ву.)

Фото: Д.Митревски